Олимпијакос сите пари од УЕФА ќе им ги даде на играчите

Олимпијакос го освои првиот европски трофеј во клупската историја. „Црвено-белите“ од Пиреја во финалето на Лигата на конференции (ЛК), во Атина, на стадионот на градскиот ривал АЕК, ја совладаа Фиорентина (1:0) со голот на Мароканецот, Ајуб Ел Каби во 116-та минута.

Грчкиот медиум „Њуз“ бјави дека претседателот на Олимпијакос, бизнисменот Евангелос Маринакис на играчите ќе им подели парична награда или бонус од пет милиони евра, кои тие ќе ги поделат меѓу себе.

Толкава е сумата што УЕФА ќе му ја исплати на Олимпијакос за триумфот во третото по ранг европско клупско натпреварување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО