Вавринка со солзи во очите се прости од Ролан Гарос

Италијаскиот тенисер Јаник Синер лесно стигна до третото коло на Ролан Гарос, по победата над францускиот ветеран, Ришар Гаске со 6:4, 6:2, 6:4. За 38-годишниот Гаске тоа беше 21. настап на Ролан Гарос, можеби и последен.

Синер, вториот светски тенисер и актуелен победник на Австралија опен, за продолжување на победничката серија на грен слем турнирите годинава, ќе се бори против Русинот Павел Котов

Рускиот тенисер кој за прв пат се пласира во третото коло на еден голем турнир триумфира над швајцарскиот ветеран и трикратен грен слем победник, Стен Вавринка со 7:6, 6:4 и 7:6.

За Вавринка, 39-годишниот победник на Ролан Гарос од 2015 година, тешко е да се предвиди враќање на Ролан Гарос за една година. Насолзените очи и начинот на кој го напушти теренот на стадионот „Сузан Ленглен“ сугерираше дека ова е негов последен настап во Париз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО