ОФИЦИЈАЛНО: Даноски во Тиквеш

Она што „Спортклуб.мк“ еклузивно го најави пред една седмица, денес и доби потврда.

ГФК Тиквеш се засилува со крилниот фудбалер Зоран Даноски. Искусниот фудбалер доаѓа од босанска Звијезда 09, Даноски играше за Тиквеш во 2017 година.

Во својата кариера на домашната сцена настапуваше и за Победа, Металург и Кожув, а пак на меѓународната во Чешка за Баник, Чомутов и Прибрам, во Хрватска за Интер Запрешиќ, во Србија за Радник, Пролетер, Младост Лучани и Нови Пазар.

Даноски треба да биде замена за Иван Ивановски кој вчера направи трансфер во екипата на Гостивар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО