Вардар посилен за Словенец

Екипата на Вардар по Србинот Ѓуриќ и Мујезиновиќ од Босна и Херцеговина се засили со трето странско засилување.

Овојпат станува збор за интернационалец од Словенија кој треба да донесе дополнителен квалитет во тимот.

-26 годишниот словенечки интернационалец Лука Шушњара е нов играч на ФК Вардар. Доаѓа од екипата на Валета од Малта, а игра на позицијата лево крило.

Во досегашната кариера има настапувано за екипите на Домжале, Цеље, Мура, Копер, Табор Сежанa, Ролтек Доб (Словенија) Шамбли (Франција) Висла (Полска), Шибеник (Хрватска), Валета (Малта), како и за младиот тим на Аталанта од Бергамо. Лука има настапувано за младинските репрезентации на националната селекција на Словенија. Добредојде во црвено црното семејство Лука!

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО