Ѓоковиќ по победата над Попирин во Мелбурн: Не играв на највисоко ниво!

Светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ забележа победа против Австралиецот Алексеј Попирин со 6:3, 4:6, 7:6 и 6:3 и се пласира во третото коло на гран-слем турнирот во Мелбурн.

По мечот Ѓоковиќ призна дека имал чувство оти Попирин бил подобар играч во првиот дел од мечот. Пресуден момент беше 10-от гем од третиот сет во кој Ѓоковиќ спаси четири сет-топки (беше 0/40 и 4:5) за да потоа го добие во тај-брејкот.

– Имаше прилично лесен форхенд, но го промаши. Не направив ништо посебно, тој беше подобар во сет и половина. Работите потоа се сменија, моментумот се промени во тај-брејкот. Мислам дека не играв на највисоко ниво. Честитки за него затоа што тактички излезе на теренот со правилен план за игра и сервираше добро.Заслужи голем аплауз, изјави Ѓоковиќ, 10-кратниот победник на Австралија опен.

Следен перотивник на Ѓоковиќ ќе му биде Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО