Одлична вест за Реал: Килијан Мбапе се враќа во тимот против Хетафе

Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид Килијан Мбапе, ја надмина повредата на глуждот и ќе биде подготвен да настапи на претстојниот натпревар во Ла Лига против Хетафе. Францускиот ас се повреди на репрезентативниот настап против Азербејџан, но медицинските прегледи покажаа дека нема сериозно оштетување.

Мбапе се врати во полн тренинг со тимот и според шпанските медиуми, чувствува 100% подготвеност. Сепак, тренерот Чаби Алонсо може да одлучи да го штеди и да му даде ограничени минути, со оглед на тоа што клубот го очекуваат големи натпревари во следниот период.

„Среќни сме што Мбапе повторно тренира без болка. Ќе одлучиме во последен момент колку минути ќе добие“, изјавиле од клубот.

Ова е одлична вест за навивачите на „кралскиот клуб“, кои очекуваат напаѓачот да продолжи со својата голгетерска форма и да помогне во борбата за врвот на табелата.

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Хетафе се игра викендов на „Сантијаго Бернабеу“.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО