Шокантен пресврт: „Нотингем Форест“ го отпушти Постекоглу по само 39 дена!

Фудбалскиот свет денес е изненаден од неочекуваната вест – Нотингем Форест официјално се раздели со тренерот Енџи Посекоглу по само 39 дена на клупата. Австралискиот стратег беше доведен со големи амбиции, но по слабите резултати на стартот од сезоната, клубот реши брзо да ја повлече рачната кочница.

Одлуката била донесена веднаш по поразот од Челзи (0:3) на домашен терен, по кој „Шумарите“ останаа без победа во првите осум кола и со само пет бода во табелата.

-Му благодариме на Анџе за неговата посветеност и професионализам. Сметаме дека е потребна промена сега, за да го спасиме тимот од понатамошни последици, стои во официјалното соопштение на клубот.

Овој потег доаѓа како еден од најбрзите откази во поновата историја на Премиер лигата. Веќе се споменуваат неколку потенцијални наследници, меѓу кои Грем Потер и Лопатеги.

Додека трае потрагата по нов стратег, тимот ќе го води привремено тренерското дуо од актуелниот стручен штаб.

 Потегот на управата предизвика лавина реакции кај навивачите и експертите, кои дебатираат дали ова е оправдана одлука — или преголем ризик во рана фаза од сезоната.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО