Одбојкарите со победа и пораз го завршија турнирот во Белгија

Македонските одбојкари го претрпеа и третиот пораз во Европската златна лига. Тие денеска загубија од домаќинот Белгија по голема борба со 3:2 по сетови (25:22, 22:25, 25:17, 24:26, 17:15). Во арената во Беверен избраниците на селекторот, Хари Наковски, одиграа крајно мотивирано но, не успеаја да го издржат притисокот.

 

Белгија двапати водеше а ние двапати израмнуваме и се изборивме за петти сет. Кај нас, Никола Ѓоргиев имаше 28 поени а Савовски со 10. Кај домаќинот фанатстичен беше Регерс со 31 поен. Златната европска лига продолжува во наредниот викенд а македонија ќе настапи на турнирот во Хрватска. Таму ќе играме со домаќинот и со Шпанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО