Од Металург во Металург Автокомандa – нов предизвик за Мери Арсениевска

Поранешната ракометарка и репрезентативка на Македонија Мери Арсениевска, која сега гради тренерска кариера, ќе има нов предизвик од ова лето.

Од редовите на Металург таа се сели во составот на Металург Автокоманда и ќе биде задолжена за работата во младинските категории во клубот.

Инаку Арсениевска е една од најмладите тренери во Македонија, која се има стекнато и со Мастер Коуч лиценца.

За разлика од минатата сезона, кога тимот беше активен само кај младинките, во новата сезона ќе има пионерска и кадетска екипа.

Арсениевска имаше голем успех со пионерската екипа на Металург минатата сезона кога играше на завршниот турнир во првенството.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО