Објавени се судиите за полуфиналето од Лигата на шампионите

Објавени се судиите за полуфиналето од Лигата на шампионите. Дуелот помеѓу ПСЖ и Арсенал ќе го води словенечкиот арбитар Славко Винчиќ. Овој дуел секако се игра утре во стандардниот вторнички ЛШ термин од 21:00 часот. Арсенал во четвртфиналето го совлада Реал Мадрид, додека ПСЖ беше подобар од Астон Вила.

Клемент Турпин ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Барселона и Интер на Луис Компани во среда.

Бaрселона се пласираше во оваа фаза од турнирот по победата над Борусија Дортмунд, додека Интер го елиминираше Баерн Минхен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО