Њукасл Јунајтед доби зелено светло да тргне во обид да го купи младиот напаѓач на Борусија (Д), Јусуфа Мукоко. „Страчките“ минатата година ја следеа тинејџерската сензација на Борусија Дортмунд, бидејќи неговиот договор требаше да истече на крајот од сезоната. Сепак, тој ја посвети својата иднина во Дортмунд, ставајќи крај на секакви надежи за трансфер. Сепак, тие надежи може повторно да се разгорат откако неговиот агент Патрик Вилијамс објави дека Мукоко размислува да си замине од Германија.
– Јусуфа има огромен потенцијал, кој за жал не можеше да го покаже минатата сезона. Мислам дека тоа што постигна 5 гола за 613 минути кажува се за неговиот квалитет. Малку играчи во Бундеслигата имаат таква статистика-, изјави Вилијамс.
– На Јусуфа му беше ветено многу пред да потпише, но тоа не беше реализирано, дополнил менаџерот на фудбалерот, кој не крие дека наскоро ќе започнат преговори со заинтересираните клубови.