Новата топка на ЕП е проблем за голманите

Бидејќи просекот на голови на Евро 2024 е поголем од очекуваното, првичните анализи покажуваат дека главна причина за таквата реализација е новата топка.

-Топката е многу брза. Мислам дека тоа е голема предност за нас напаѓачите а голем проблем за голманите. Понекогаш е непредвидливо, не знаете точно каде ќе стигне”, изјави англискиот репрезентативец Хари Кејн.

– На вакви форуми никогаш не размислувате за голманите. Топката нема добар стисок и лесно можете да ја испуштите, дури и ако сте сигурни дека сте ја фатиле“, коментираше голманот на Данска, Каспер Шмајхел.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО