Новак се откажа од турнирот – повторно губи бодови

Новак Ѓоковиќ нема да учествува на турнирот од серијата 500 во Дубаи. Организаторите ги објавија имињата на учесниците кои се на програмата од 26 февруари до 2 март, а на неа нема ниту еден српски тенисер.

Новак минатата сезона стигна до полуфиналето, но таму го запре Данил Медведев. Тоа значи дека на крајот на февруари на Новак ќе му бидат одземени уште 180 поени освоени во 2023 година.

На Ѓоковиќ му беа одземени уште 1.200 поени овој понеделник бидејќи не ја одбрани титулата во Мелбурн, но сепак останува светски рекет број еден.

Тој има 9.855 поени, Карлос Алкараз има 600 помалку, а Данил Медведев (8.765) и Јаник Синер (8.310) се трети и четврти.

На сајтот на Новак беше објавено дека следен турнир на кој ќе настапи ќе биде Мастерсот во Индијан Велс кој ќе се игра од 6 до 17 март.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО