Гвардиола може да здивне: Се враќа и Халанд по двомесечната пауза

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека напаѓачот Ерлинг Халанд ќе му биде на располагање за утрешниот првенствен меч против Барнли, по речиси два месеца пауза поради повредата на стапалото.

Гвардиола не сакаше да каже дали Халанд ќе го започне натпреварот на стадионот „Етихад“. Тој последниот натпревар го одигра против  Астон вила на 6 декември.

-Два месеца пауза е многу, но тој се чувствува добрo и утре ќе биде со нас, рече Гвардиола.

Гвардиола ги распоредуваше минутите на Кевин Де Брујне откако плејмејкерот се опорави по повредата на тетивата за која беше потребна операција и петмесечно отсуство.

Де Брујне имаше три настапи во низа како замена, но Гвардиола рече дека на Халанд, најдобриот стрелец во лигата минатата сезона, можеби нема да му биде потребно толку внимание.

-Тоа се различни повреди, така што е потребен сосема поинаков пристап. Но, се разбира, ќе одиме чекор по чекор, изјави Гвардиола, додавајќи дека утре на располагање ќе ги има и дефанзивците Мануел Аканџи и Џон Стоунс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО