Најдобриот стрелец во историјата на Панама почина на теренот

Луис Техада, најдобриот стрелец во историјата на Панама, почина на теренот на 42-годишна возраст додека играше во локалната рекреативна лига.

Оваа вест ја соопшти Фудбалскиот сојуз на Панама.

-Изразуваме длабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите и целата фудбалска заедница во Панама. Никогаш нема да те заборавиме, Матадор, се вели во соопштението.

Техада со своите голови ја предводеше Панама до Светското првенство во Русија во 2018 година. За репрезентацијата одигра 108 натпревари и постигна 43 гола.

Во кариерата смени многу клубови. Никогаш не играл во Европа, а најпознати тимови чиј дрес го носеше беа колумбискиот Милионарис и Америка Кали, како и мексиканската Толука.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО