Се ближат Олимписките игри (ОИ) во Париз, и станува се’ појасно кој ќе има помали или поголеми очекувања во различни спортови, како и кои се фаворитите за триумф на тенискиот турнир.
Новак Ѓоковиќ моментално не е фаворит за победа, а не е ниту сам на второто место. Според букмејкерите апсолутен фаворит е Карлос Алкараз, со коефициент 2,8. Новак го дели второто место со Јаник Синер, а квотата за нивни успех е само 4.
Меѓу фаворитите се Александар Зверев, Рафаел Надал, Каспер Руд, Стефанос Циципас и Холгер Руне, но веројатноста за нивен успех е многу помала.
ОИ во Париз почнуваат на 26 јули, а тоа е единствениот турнир што го нема освоено Новак.