Нов момент: Барселона ќе го отпушти Чави, ако клубот не заврши втор

Раководството на Барселона може да го отпушти тренерот Чави Ернандез по крајот на сезоната, пренесува шпански „АС“.

Според изданието, тоа би можело да се случи доколку тимот заврши под второто место на крајот од тековната сезона во Ла Лига. По 34 кола, Каталонците се третопласирани на привремената табела со 73 бода, со еден бод помалку од второпласираната Џирона.

 

Во последното коло одиграно изминатиот викенд, Барселона загуби од Џирона (2:4) и тој пораз го направи Реал Мадрид шампион на Шпанија.

Чави во јануари најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона, но пред две недели 44-годишниот фудбалски стручњак објави дека се предомислил и ќе продолжи да работи во клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО