Нојер: Германија секогаш е фаворит!

Голманот на германската репрезентација, Мануел Нојер ја прокоментира победата над Унгарија (2:0) која на домаќините на турнирот им гарантира пласман во следната, нокаут рунда на Европското првенство (ЕП).

– Победата е многу, многу важна. Има одлична атмосфера, полни стадиони и добро расположение. Драго ми е што турнирот се одржува кај нас, на домашен терен.

Германија секогаш e фаворит, но ние сами мораме да си ја завршиме работата. Нашиот следен противник, Швајцарија е најтешкиот тест во групната фаза.

Сакаме да го пренесеме овој моментум во третиот натпревар. Како тим мислам дека не заслуживме да примиме ниту еден гол на првите две средби, вели искусниот чувар на мрежата на „панцирите“.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО