Ѓоргиевска замена за повредената Коцева

Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија, стартуваше со висока победа над САД (32:15) на Светското првенство (СП) за играчи до 20 години што се одржува во Скопје.

Но, Македонија имаше и голем пех бидејќи се повреди една од најдобрите, Борјана Коцева, која даде девет гола и беше прогласена за најкорисен играч на натпреварот (МВП).

Поради тоа селекторот на репрезентацијата на Македонија, Дарко Јанев, мораше да направи принудна замена во составот и да ја повика Ева Ѓоргиевска, на позицијата среден бек.

Македонија следниот меч ќе го игра утре (18 часот), а противник е првиот фаворит во групата, репрезентацијата на Исланд.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО