Интер добива супер-засилување: Зиелински доаѓа од Наполи

Пјотр Зиелински од лето би требало да биде новиот фудбалер на Интер.

Човекот кој е еден од најзаслужните за титулата на Наполи во минатата сезона веќе подолго време е на мета на Интер, а сега кога договорот му истекува на лето, веќе нема никакви пречки.

Наполи му понуди нов договор, но Зиелински не сака да го прифати, токму поради потенцијалниот трансфер во тимот кој сезонава е главен фаворит за освојување на шампионската титула.

Така, Зиелински од јули и официјално треба да биде нов член на Интер, готов е четиригодишен договор според кој овој фудбалер треба да добива околу 4,5 милиони евра годишно, плус 500 илјади евра бонуси.

Интер само го информирал Наполи за тековните преговори со Зиелински.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО