(ВИДЕО) Неверојатен натпревар во Сан Антонио: Макси 52 коша, Вемби до невидена статистика

Филаделфија го совлада Сан Антонио по две продолженија, со 133:126 во натпревар во кој Тајрис Макси постигна рекордни 52 поени во кариерата, а Виктор Вембањама забележа статистика досега невидена во НБА.

Поради здравствени проблеми двете екипи беа доста ослебени. При ваквата распределба на силите, Макси го презеде офанзивниот товар на Сикерс, постигнувајќи 50 и повеќе поени, по трет пат сезонава.

Откако во ноември минатата година постигна 50 коша против Индијана пејсерс и 51 против Јута џез во февруари, Макси постави нов личен рекорд со шутирање 19/41 од поле и 12/12 од линијата за слободни фрлања.

Сезонава и неговиот соиграч, Џоел Ембид трипати постигна 50 и повеќе поени , најмногу против Спарс на почетокот од февруари, 70. Прв пат во НБА историјата, двајца играчи од ист тим постигнувааат 50+ поени трипати во иста сезона!

Вембањама одговори со сестрана игра, за која НБА лигата посочува дека никогаш не била одиграна со вакви статистички бројки. Вембањама, 2,24 метри високиот француски дебитант, натпреварот го заврши со 33 поени, 18 скока, шест асистенции и седум блокади.

Досега, пред Вембањама, ниту еден играч во НБА историјата не одиграл натпревар на кој постигнал најмалку 30 поени, имал најмалку 15 скока и по пет асистенции, блокади и тројки (5/10).


 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО