Евертон пократок за нови два бода!

На Евертон одземени му се уште два бода поради ново прекршување на Правилата за профитабилност и одржливост на Премиер лигата (ПСР) по што падна за едно место подолу на табелата, на 16-то. „Сините„ од Ливерпул сега се под Брентфорд, со 27 бода, два бода и две места над 18-топласираниот Лутон.

На Евертон му беа одземени 10 поени во ноември за надминување на дозволените загуби за 19,5 милиони фунти во периодот кој завршува со сезоната 2021/22.

Но, ова беше намалено на шест поени по жалбата на Евертон кој во јануари, заедно со Нотингем форест, повторно беше обвинет за кршење на ПСР правилата за период што завршува со сезоната 2022/23.

На Форест им беа одземени четири бода на што тие се жалеа. Клубовите од Премиер лигата можат да загубат најмногу 105 милиони фунти во текот на три сезони. Ако имаат поголеми загуби над тоа, го нарушуваат ПСР.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО