Нестварен рекорд за кралот од Лос Анџелес – ќе го престигне и легендарниот Џабар

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, ќе игра на претстојниот Ол Стар натпревар во Индијанаполис, што за него ќе биде 20-то појавување на мечевите на ѕвездите од НБА.

Леброн е ставен меѓу стартерите на тимот од западната конференција, заедно со Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Кевин Дурент и Жилдус Александер.

Џејмс со овој натпревар ќе го престигме Карим Абдул Џабар по бројот на мечеви во Ол Стар конкуренција. За екипата од Истокот ривали ќе им бидат Ембид, Тејтум, Адетокумбо, Халибартон и Лилард.

За „кралот“ од ЛА Лејкерс, ова е 21. сезона во кариерата, значи само една сезона не бил учесник во Ол Стар натпреварите, што е нестварно постигнување.

Оваа сезона тој има просек од 24,8 поени, 7,2 скокови и 7,4 асистенции по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО