Неочекувана исповед: Имав „борба“ со ракот, надвор од теренот

Поранешниот прв тенисер во светот, Енди Родик, истакна дека по завршување на професионалната кариера, се борел со рак на кожата.

Американецот оваа информација ја соопшти во последниот поткаст кој го имаше деновиве.

– Се борев со разни типови на кожен канцер откако престанав да играв. Имав туморска ќелија која беше оттргната од мене, тоа беше пред 5 или 6 години, но никогаш не зборував за тоа. Утрово бев на ласерски третман, затоа на вас кои го гледате ова, ви изгледа дека сум дошол од некоја улична борба.

– Незгодно е, нема да влегувам многу во приказната „зошто баш јас“. Се е во ред, користам само крем за сонце. Стекнав навика сите овие години да одам на повремени проверки, во моментот, се е во ред, порача Енди Родик.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО