Без оглед на тоа дали ќе бидат шампиони – Артета најавил големо „проветрување“

Арсенал денеска го игра својот претпоследен натпревар од Премиерлигата сезонава, каде гостува во Манчестер Јунајтед и потребна им е победа за да останат во игра за титулата до последното коло.

Јасно е дека „топчиите“ се уште имаат надежи дека можат да се борат со Сити рамо до рамо до последните моменти, па затоа денеска им е потребен триумф.

Но како и да заврши сезоната за нив, очигледно на лето ќе следува сериозно проветрување од играчкиот кадар, а тоа меѓу редови го најави и тренерот Артета.

Како што пренесуваат британските таблоиди, Микел Артета веќе решил да состави излезна трансфер листа, во која се наоѓаат дури седум фудбалери и тоа, Арон Рамсдејл, Еди Енкети, Смит Роу, Киран Тирни, Нуно Таварез, Самби Локонда и Рис Нелсон.

Рамсдејл сам пројавил желба за заминување, бидејки не сакал да грее купа, а сите добро знаат дека Рајо е „единица“ во составот на Артета, така да ќе има и играчи кои ќе пристигнат на лето на „Емирати“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО