По Мбапе, уште еден член на ПСЖ повлече нога и најави заминување

ПСЖ летото кое е пред нас, очигледно ќе мора да смени многу работи, меѓу останатото и сериозни промени во кадровската политика.

По заминувањето на Мбапе кое сам го потврди, следува уште едно заминување. Имено, потврдено е заминувањето и на голманот на „светците“, Кејлор Навас, кој се огласи на Инстаграм по тој повод.

– Секоја секунда мината на „Паркот на принцевите“ беше неверојатна. Ми беше чест што го носев дресот на ПСЖ, што играв на овој стадион. Имам уште цел кои сакам да ги постигнам, но не сакав да ја пропуштам оваа шанса да се простам од она што за мене неколку сезони беше мој дом, напиша Навас на социјалната мрежа Инстаграм.

Репрезентативецот на Костарика го носеше дресот на ПСЖ од 2019 година наваму, кога од Реал се пресели во Париз. Одигра преку 100 натпревари, за тоа време, три пати беше шампион на Франција, а освои и два купа и еден Лига куп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО