Нема крај на проблемите: Германија на Франција и Холандија без Нојер

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, повторно се повреди, што воедно ќе биде голем проблем за репрезентацијата на Германија.

Нојер неодамна се врати на терените по долга пауза, а сега поради повреда на мускулот ќе мора да замине на нова пауза, која дополнително ќе го забави неговиот развој и опоравување.

Оваа вест нема да му се допадне на Томас Тухел, затоа што на Баерн Минхен сега ги очекува четвртфинален меч во ЛШ против Арсенал, двомеч кој нималку ќе им биде лесен.

Освен Мануел Нојер, Баерн остана и без десниот бек Саш Боје, кој исто така се повреди.

Репрезентацијата на Германија деновиве ќе има пријателски средби против селекциите на Франција и Холандија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО