Фудбалерот на Јунајтед: Не сум задоволен од минутажата

Ветеранот Кристијан Ериксен, посакува поголема минутажа во Манчестер Јунајтед, а тоа не може да му го гарантира тренерот Тен Хаг.

33 годишниот Данец иако незадоволен од минутажата, сепак нема во план да го напушти Манчестер Јунајтед. Тој од доаѓањето на Олд Трафорд, одигра 21 меч на кои забележа 1130 минути.

– Не сум задоволен кога не играм, но не е тоа нешто поради што не можам да спијам. Екипата игра добро и јас морам да го почитувам тоа и улогата која ја имам. Морам напорно да работам и да бидам подготвен за секој следен натпревар. Сега полесно ја прифаќам својата актуелна улога.

– Сакам да играм што е можно повеќе, ми се игра фудбал, сакам поголема минутажа. Ерик Тен Хаг ми рече дека тој ги носи одлуките и дека сега Коби Маино игра добро, како и останатите во средниот ред, па јас ќе мора да ја сочекам својата шанса, порача Кристијан Ериксен.

Јунајтед е на 6. позиција на табелата во Премиерлигата со 47 бодови и е во грчевита борба за ЛШ пласман.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО