Милевски пред мечот со Молдавија: Добар тест за формата и за новите тактички варијанти

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски и капитенот, Енис Барди на прес-конференција во тимската база во Анталија, ги споделија очекувањата пред утрешниот контролен натпревар против Молдавија.

– Задоволен од тоа што го видов во овие три дена. За жал, Исник Алими, Ердон Даци и Стефан Ашковски нема да бидат дел од тимот на двата натпревара. Останатите се подготвени да се стават во функција на тимот. За жал, имаме играчи кои воопшто немаат минутажа, но навиканите сме на тоа.

Најважното ми е да се здрави и физички подготвени. Без разлика на натпреварувачката форма тие секогаш го даваат максимумот за Македонија. И овојпат не е ништо поразлично, сите се подготвени да одговорат на тоа што се бара од нив.

Ќе ги искористиме максимално овие дуели, како и тие во јуни, за да пробаме нови тактички варијанти. Ќе ги пробаме некои играчи на нови позиции и ќе видиме како тоа ќе изгледа. Ќе им дадеме минутажа на сите играчи, а ќе тестираме и нови варијанти, изјави Милевски, селекторот на Македонија.

Натпреварот Македонија – Молдавија ќе се игра на стадионот „Мардан“ во Анталија во 15.30 часот. Три дена подоцна Македонија ја очекува дуелот против Црна Гора.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО