Не му чинеше Партизан, па се пресели во Фенер, а сега и од таму заминува?!

Младиот и талентиран кошаркар Јам Мадар, кој летоска пристигна во редовите на Фенербахче, од Партизан, сега е блиску до потпис со друг кошаркарски клуб.

Израелските медиуми тврдат дека за Јам Мадар сериозно загризале од Хапоел Ерусалим, од каде што изразиле желба да го видат во своите редови што побргу.

Имено, оваа информација ја пренесе израелскиот медиум „Sport5“, кој тврди дека Мадар и не е баш среќен поради ситуацијата во клубот, откако пристигнал тренерот Шарунас Јасикевичиус, од кого не добива посакувана минутажа.

Планот на Хапоел бил веќе овој месец да го види во своите редови овој плејмејкер, со цел да им помогне во кошаркарската Лига на шампиони да дојдат до трофејот.

Израелците тврдат дека Хапоел веќе го контактирал Фенербахче и дека се надеваат на успешни преговори за Мадар.

Како за потсетување, Јам Мадар од Партизан замина на еден крајно контроверзен начин, по големо недоразбирање помеѓу клубот и тренерот, кои првично посакуваа тој да остане, но неговите планови очигледно беа други.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО