Чави пред реваншот против Наполи: Имаме проблеми, но да не бараме изговори, целта е јасна!

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, истакна дека претстојниот меч против Наполи е нивниот најважен натпревар сезонава и дека ќе настојуваат да победат и да се пласираат во следната фаза.

Фудбалерите на Барселона ќе ја дочекаат екипата на Наполи утре во реванш мечот од осминафиналето во ЛШ. Во првиот натпревар во Неапол, кој се играше на 21. февруари, немаше победник, натпреварот заврши 1:1.

– Пред нас е најважниот натпревар оваа сезона. Возбудени сме и мотивирани да победиме. Се надевам дека нашите навивачи ќе имаат магична ноќ, искрено го заслужуваат тоа.

Тој истакна дека Барселона има низа на кадровски проблеми пред натпреварот со Наполи.

– Го немаме Гави, Педри, Балде, Де Јонг, но мораме да се натпреваруваме и без нив и да покажеме на што работевме изминатите денови. Имаме шанса по четири години да се пласираме во четвртфиналето од ЛШ. Играме пред нашите навивачи, но и покрај сите проблеми, не треба да бараме изговор. Мора оваа ситуација да ја свртиме во наша полза. Не постои страв од неуспех, гориме од желба да покажеме дека сме на добар пат, порача Чави Ернандез.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО