Без оглед на суспензијата, Погба може да игра, му нудат „цели“ – 1.500 евра

Последните денови од февруари беше потврдена суспензијата на Пол Погба, на четири години, поради користење на недозволиви супстанци.

Така одлучи италијанското обвинителство за борба против допинг тематиката. Со оглед на тоа дека францускиот интернационалец за две недели ќе наполни 31 година, долгата суспензија буквално значи крај на неговата кариера.

Тутоспорт денес излезе со информација дека од Русија добил понуда да игра во тамошната фудбалска лига на славните луѓе. Го повикале од аматерскиот фудбалски клуб Брок Бојс.

Спортскиот директор на таа екипа, Артја Чатјатурјан, за Тутоспорт порачал дека на Погба му нудат 1500 евра месечно и дека за тоа е контантирана и менаџерката на фудбалерот, Рафаела Пимента.

На тоа се уште немало одговор од францускиот фудбалер, на кого очигледно тешко ќе му падне неиграњето професионален фудбал, па можеби и навистина би заминал во Русија да игра аматерски фудбал, кој е надвор од рангот на тоа каде владее неговата суспензија.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО