НБА плеј-оф: Никс пред пласман во финалето на Истокот, прв пат по 2000-та

Кошаркарите на Њујорк никс се на чекор, односно на една победа, до пласман во финалето на Истокот, за прв пат по 2000 година. Во петтиот натпревар, Њујорк никс беа подобри од Индијана пејсерс, 121:91 и поведоа со 3:2.

Џејлен Брансон постигна 44 поени, по петти пат над 40 поени во постсезоната. Тој постигна 28 поени во првото полувреме, рекорд во плеј-офот за Никс.

Брансон стана четвртиот играч во НБА историјата кој на четири последователни натпревари во плеј-офот постигнува над 40 поени. Џош Харт даде18 поени и 11 скока, а Дис Мекбрајд постигна 17 поени за Никс

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО