Чудна, фарсична атмосфера на стадионот на Тотенхем: Навивачите сакаа нивните миленици да загубат од Сити!

Победата или ремито на Тотенхем против Манчестер сити (0:2) ќе значеше предност за лутиот ривал Арсенал во трката за титулата во Премиер лигата, на последниот натпревар од сезоната.

Тоа доведе до чудна и фарсична атмосфера на стадионот на Тотенхем, се’ за да му се наштети на Арсенал! Некои навивачи на Тотенхем беа целосно за тоа Манчестер сити да го победи нивниот тим со цел да се минимизираат шансите на Арсенал да ја освои титулата. Општата атмосфера беше таква што влијаеше и на играчите на Тотенхем.

„Го мразиме Арсенал! и „Дали го гледаш ова Арсенал? беа скандирањата од домашните навивачи веднаш штом Ерлинг Халанд даде гол за водство на Сити од 1:0.

Имаше и навивачи на домашниот тим (облечени во светло сини гостински дресови) кои го прославија голот, на што луто реагираа некои навивачи на Тотенхем. Кога Халанд погоди од пенал за 2:0, имаше навивачи на Тотенхем кои станаа од седиштата и аплаудираа.

Во поголемиот дел од мечот навивачите на Тотенхем како да не знаеја како да реагираат. И играчите на теренот не изгледаа целосно посветени на она што го прават. Како да не сакаа да да постигнат гол што ќе му помогне на Арсенал да ја освои титулата?

Сон во финишот можеше да даде гол за 1:1. Но навивачите на Тотенхем не беа воопшто разочарани поради тоа промашување.

Навивачите на лондонскиот клуб, интервјуирани на ТВ пред мечот, велеа дека се надеваат оти нивниот тим ќе биде поразен! Без срам, без каење. Тие даваа се’ што е потребно за да се спречи Арсенал да ја освои титулата!

Од друга страна пак, навивачите на Арсенал сакаа Тотенхем да победи. Беше објавено и дека навивачите на Арсенал купувале билети за да ги бодрат лутите ривали само за таа, една вечер. Ова беше можеби први и единствен пат кога поразот на Тотенхем му наштети на Арсенал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО