НБА лига: За прв пат по осум години двата тима под 80 поени

Додека НБА лигата сериозно размислува за модификации на правилата пред следната сезона затоа што „се постигнуваат премногу кошеви“, што кај лаиците остава впечаток дека „никој не игра одбрана“, се одигра натпреварот Њујорк никс – Филаделфија сиксерс, 73:79, на кој беа постигнати „скромни“ 152 поени.

Ова беше прв натпревар во НБА од 2016 година во кој ниту еден тим не стигна до 80 поени! Само еден ден претходно, Никс го оставија Орландо неџик на само 74 поени, најмалку во лигата сезонава, само што овојпат тие постигнаа еден кош помалку.

За споредба, Индијана ја победи Атланта со 157:152 на почетокот од сезоната во натпревар на кој двата тима поединечно постигнаа повеќе поени од Никс и Сиксерс заедно синоќа.

Двете екипи се сериозно ослабени поради многуте повредени играчи. Сиксерси се’ уште се без неприкосновениот МВП, Џоел Ембид и беа фантастичниот Тајрис Макси. Никс се без сите стартери на крилните и на централните позиции, ОГ Ануноби, Џулиус Рендл и Мичел Робинсон.

Во таков однос на силите, Сиксерси погодија само 39 отсто шутеви од поле и 30 отсто тројки во игра со бавно темпо, додека Никс шутираа 32,5 отсто од поле и мизерни 22,5 проценти тројки.

Во саботата, Денвер ја победи Јута со 142:121, постигнувајќи 78 поени во првото полувреме и дозволувајќи 77 во вториот дел.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО