Неизвесна иднината на Пиоли во Милан

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, изјави дека има голема поддршка во клубот, но и оти неговата иднина се’ уште е неизвесна. Тој има договор со Милан до јули 2025-та.

– Иднината може да се смета за неизвесна за сите нас, тоа особено важи за тренерите кои работат во големите клубови. Сега сме фокусирани на сегашноста, сакаме да го направиме најдоброто во преостанатиот дел од сезоната, изјави Пиоли.

Пиоли зборуваше и за настапот на американскиот интернационалец, Кристијан Пулишиќ.

– Тој нема одиграно толку минути и натпревари во последните 7-8 години. Му помагаме на Кристијан и добро работиме со него. Тој е многу паметен играч и одлична личност, многу важен за Милан, додаде Пиоли.

Милан е на второто место во Серија А со 59 бода, еден повеќе од Јувентус. На лидерската позиција е Интер со 75 бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО