НБА лига: Дончиќ втор пат сезонава без поени во првата четвртина!

Лука Дончиќ вторпат сезонава не постигна ниту еден кош во првата четвртина. Тоа  му се случи на натпреварот Далас маверикс – Атланта хокс, 109:95.

Тој ги промаши сите пет обиди од поле, имаше и три загубени топки за 5,40 минути минати на паркетот. Сезонава Дончиќ никогаш не минал помалку минути во игра во првата четвртина, а рано седна на клупата за резерви и поради две лични грешки.

Дончиќ кој е водечки стрелец во лигата со просек од 33,8 поени, до крајот успеа да уфрли 25 коша. Словенечката суперѕвезда имаше лош почеток, како и на крај на натпреварот, но и покрај се’ Далас победи.

На Дончиќ уште полошо му одеше шутот во последната четвртина, 0/6, па не чуди што од поле погоди вкупно 8/25, од кои 6/15 тројки. Со 12-те фатени топки тој беше најдобриот скокач во тимот, а со осумте асистенции и најдобар во таа категорија.

Кајри Ирвинг постигна 26 поени во 12-та победа на Далас на последните 14 натпревари. Кај Атланта најдобар беше Богдан Богдановиќ со 17 поени и седум скока.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО