Лука Дончиќ стана првиот европски кошаркар кој може да се пофали дека е најдобар стрелец во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата.
Феноменалниот Словенец сезонава во просек постигнуваше 33,9 поени по натпревар и е вториот неамерикански играч, прв стрелец, по Џоел Ембид.
Ѕвездата на Далас, Дончиќ беше многу блиску и до трипл-дабл просек, имаше 9,8 асистенции и 9,2 скока по натпревар. Досега само Оскар Робертсон и Расел Вестбрук успеале да забележат трипл-дабл просек.
Дончиќ ги предводеше Маверикс до петтата позиција на Западот и до дуел со ЛА Клиперс во првото коло од плеј-офот.