Добра вест доаѓа од Италија: „Тоа не беше проблем со срцето“

Дефанзивецот на Рома, Еван Ндичка (24), кој колабираше на теренот за време на натпреварот против Удинезе во неделата поради болки во градите, ја напушти болницата во Удине откако новите прегледи покажаа дека не боледува од „никаква срцева патологија“, соопшти неговиот клуб.

Ндичка колабираше на теренот во 72. минута од натпреварот. Медицинската служба веднаш влезе на теренот, носеше и дефибрилатор, но не беше користен. Играчот на Брегот на Слоновата Коска беше изнесен од теренот на носилка, во свесна состојба и веднаш пренесен во локалната болница, а натпреварот прекинат при резултат 1:1.

– Првото и второто ниво на кардиолошки тестови што беа извршени не открија никаква срцева патологија. Според последните тестови направени во понеделник наутро, клиничката слика е компатибилна со траума на градниот кош со минимален лев пневмоторакс. Нови прегледи ќе бидат направени подоцна во Рим, се вели во соопштението на Рома.

Серија А до крајот на неделата треба да го објави датумот на довршување на натпреварот кој е важен за двете екипи. Рома брка пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), а Удинезе за опстанок во лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО