НБА лига: Дончиќ и Тејтум најдобри играчи за февруари

Лука Дончиќ и Џејсон Тејтум прогласени се за најдобри играчи во НБА лигата за февруари.

Дончиќ го предводеше Далас маверикс до осум победи во февруари, со просек од 33,4 поени, 9,6 скока, 10,3 асистенции и 1,8 украдени топки по натпревар. Словенецот двапати имаше трипл-дабл ефект.

Тејтум имаше просек од 27,2 поени, 8,9 скока и 6,7 асистенции по натпревар минатиот месец во кој Бостон селтикс забележа скор од 9:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО