ЛШ: Баерн на поправен против Лацио, Сосиедад ќе се обиде да го изненади ПСЖ

По вечерашните два реванш осминафинални натпревара ќе бидат познати првите два тима што ќе се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) во фудбал.

Баерн Минхен го пречекува Лацио и ќе се обиде да ја надомести негативата од еден гол од првиот меч во Рим (0:1). Реал сосиедад во Сан Себастијан ќе се сретне со ПСЖ од кого во првиот меч загуби со 0:2.

Баварците само еднаш во последните 12 сезони (во 2018/19-та) не успеале да се пласираат меѓу најдобрите осум во ЛШ. Лацио пак се надева на пласман во следната четвртфинална фаза за прв пат по 24 години.

На страната на Баерн е податокот дека е непоразен на последните 13 домашни натпревари во ЛШ (10 победи и три ремија).

ПСЖ реално има многу поголеми шанси да ја мине шпанската пречка, Реал сосиедад на патот кон завршницата во ЛШ. Тимот од Баскија пак ќе треба да одигра речиси перфектен меч доколку сака да ја анулира негативата од првиот меч во Париз и да се најде во првото европско четвртфинале по 1982/83-та.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО