Арсенал испиша историја: Три гостински „петарди“ по ред

Лондонски Арсенал синоќа го декласира Шефилд на гости (6:0) на стадионот „Брамал лејн“ со што постави рекорд во англискиот фудбал.

„Топчиите“ станаа првиот тим во историјата на англискиот фудбал што победил на три последователни гостувања со пет или повеќе голови разлика.

Претходно избраниците на Микел Артета на гостински терен ги победија Вест хем со 6:0 и Барнли со 5:0. Арсенал забележа победи на последните четири натпревари со гол-разлика од 21:1!

Арсенал постигна 31 гол на седумте  натпревари во Премиер лигата во оваа календарска година забележувајќи победа на сите.

Шефилд пак е првиот тим што загубил четири последователни натпревари на домашен терен во сите натпреварувања, а примил пет или повеќе голови.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО