НБА лига: Антетокунмпо е нерешлива енигма за Атланта сезонава

Јанис Антетокунмпо постигна 36 поени, забележа 16 скока и осум асистенции за Милвоки бакс во победата на гости Атланта хокс со 122:113.

Антетокунмпо постигна најмалку 30 поени и 10 скока на 34 натпревари сезонава во НБА лигата, повеќе од кој било друг играч. Антетокунмпо постигна 94 поени и 38 скока на трите натпревари против Атланта сезонава! Богдан Богдановиќ беше најефикасен кај Хокс со 38 поени и 10 скока.

За Хокс кои останаа на втората позиција во Источната конференција, зад Бостон селтикс, поразот значеше крај на серијата од четири победи.

Селтикси, кои ги загубија претходните два натпревара, го победија на гости Њу Орлеанс пеликанс со 104:92. Кај Селтикс блескаа, Џејсон Тејтум забележа 23 поени, девет скока и четири асистенции, а Кристапс Порзингис 19 поени и 10 скока.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО