На Велигден без натпревари во Италија

За разлика од другите „топ 5“ европски лиги, Премиер лигата, Ла лига, Бундеслигата и Лига 1, во италијанската Серија А, денеска, во неделата на Велигден (според грегоријанскиот календар) нема да се играат натпревари.

Серија А традиционално сака да ги испочитува државните и верските празници, особено околу Божик и Велигден. Затоа, нема да се играат натпревари се’ до утре напладне, кога Болоња и е домаќин на Салернитана, на стадионот „Ренато Дал’Ара.

Натпреварите за „боксинг деј“, по Божик, повремено се поместуваат малку за да им се прилагодат на празниците, но мечевите во неделата на Велигден, се строго забранети во Италија.

Но некои тимови ќе немаат преголема пауза бидејќи натпреварите ќе ги играат во понеделник. Покрај гореспоменатите Болоња и Салернитана, ќе се сретнат Калјари – Верона, Сасуоло – Удинезе, Лече – Рома, како и лидерот Интер – Емполи, кои ќе ги завршат натпреварите од 30. коло.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО