На ЕП 2024 би можело да се соборат девет рекорди

На Европското првенство (ЕП) во фудбал 2024 во Германија, би можело да се соборат голем број долготрајни рекорди, вклучувајќи го и оној што го држи Португалецот Кристијано Роналдо…

Актуелен шампион е Италија која ќе се обиде да ја задржи титулата, а играчите како Килијан Мбапе и Кристијано Роналдо се надеваат дека ќе остават свој белег.

ЕП кое се смета за втор, најпрестижен фудбалски турнир на планетата (по Светското првенство), го изгради реномето со многубројните незаборавни натпревари и извонредни игри на поединци. Секое ЕП, од првото во 1960 година па досега, има удел во рекордите.

На 17.ЕП што ќе се одржи од 14-ти јуни до 14-ти јули, во „опасност“ се девет рекорди кои потенцијално би можеле да бидат соборени.

Актуелен рекордер според бројот на постигнати голови е Франција (14), на ЕП 1984-та на кое беше домаќин. На тоа ЕП, Французинот Мишел Платини постави уште два рекорда, за намногу голови (9) и за најбрз хет-трик (за 19 минути).

Најмногу настапи на финалните турнири има Кристијано Роналдо (5), од 2004-та, најбрз гол има дадено Русинот Дмитри Кириченко (по 67 секунди) на ЕП 2004, најстар играч што дал гол е Австриецот Ивица Вастиќ (на 38 години и 257 дена) на ЕП 2008, а најмлад е Швајцарецот Јохан Волнантен (18 години и 141 ден) на ЕП 2004.

Најстар фудбалер што настапил е Унгарецот Габор Кирали (40 години и 46 дена) на ЕП 2016, а најмлад, Полјакот Каспер Козловски (17 години и 246 дена), на ЕП 2020.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО