Италијанскиот тенисер Лука Нарди смета дека направил вистинско чудо на Индијан Велс, добивајки го Новак Ѓоковиќ во 3. коло.
Моментално 123-от играч на АТП рангирањето, стана првиот среќен губитник, но и најслаб рангиран тенисер кој го победил Новак Ѓоковиќ на турнирот од серијата 1000.
– Мислам дека пред оваа вечер никој немаше слушнато за мене. Се надевам дека публиката уживаше во играта, среќен сум и задоволен.
Пред четири недели Лука Нарди беше поразен од 462. тенисер во светот, а сега замислете, го победи првиот, тоа е рамно на чудо.
– Не знам како се случи ова, навистина не знам. Мислам дека ова е рамно на чудо, имам 20 години и сум повеќе од 100 позиции рангиран зад него, а сега го победив, лудило, порача возбудениот Лука Нарди.