Каков резултат направи ти момче: Mладиот Нарди се фати за глава по последниот поен (ВИДЕО)

Младиот италијански тенисер Лука Нарди приреди нестварен резултат и исход во 3. коло од турнирот во Индијан Велс.

Неговата победа против Новак Ѓоковиќ е несомнено најголем триумф во неговата кариера засега, што најавува дека овој 123-то пласиран тенисер има потенцијал за поголеми резултати.

Нарди и самиот беше во шок по последниот поен кога сфати кого победил на Индијан Велс. На социјалните мрежи се појави снимка од неговата реакција по последниот поен.

Го фрли рекетот, се фати за глава, се насмевна, свесен е каков резултат направи и колку ќе скокне на најновото рангирање по една ваква победа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО