Тотално неочекувано: Нагелсман од репрезентацијата, оди кај ривалите на Баерн Минхен?

Селекторот на националниот тим на Германија, Јулиан Нагелсман, имал одредени состаноци и контакти со претставници на Борусија Дортмунд.

Борусија Дортмунд се уште ги лечи раните од минатата сезона, кога во последното коло не успеаја да обезбедат титула во Бундеслигата, па сега се обидуваат да постават тренер во кој веруваат дека може да им ја врати таа титула, а тоа го пронашле во Нагелсман.

„Милионерите“ моментално се борат за место во ЛШ идната сезона, а се борат и за четвртфинале во истото натпреварување актуелнава сезона.

Дел од управниот одбор на Борусија Дортмунд се противеле на ваква опција токму Нагелсман да биде иден тренер на клубот, бидејки сметале дека е доста скап, а меѓу останатото имале и другии опции за трансфер.

Германските медиуми тврдат дека Јулиан Нагелсман е со став дека нема да го продолжи договорот со селекцијата, така да останува оваа опција отворена за реализација, па би било интересно да се види Нагелсман дали ќе прифати една таква понуда од клуб кој титула во домашното првенство чека од 2012 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО