Коби Мајно, најталентираниот играч на Манчестер јунајтед, ќе ја одбије понудата за нов договор, тврди „Гардијан“. Според овој извор, доколку тоа се случи Манчестер јунајтед е бил подготвен да го продаде Мајно.
Еден од најталентираните играчи во Европа на својата позиција, според „Трансфермаркт“ вреди 55 милиони евра.
Иако Манчестер унајтед е подготвен да размислува за продажба, сепак постои надеж дека Мајно ќе се предомисли и ќе прифати да го продолжи договорот, во кој клубот ќе му понуди значително повисока плата.
Мајно е производ на фудбалската академија на Јунајтед, а оваа сезона забележа 25 настапи, постигна гол и асистенција. Тој во последно време се мачи со повредите.
Мајно има десет натпревари за Англија, минатото лето беше стандарден во составот на Герет Саутгејт кој дојде до финалето на Европското првенство.
Минатото лето сериозен интерес за Мајно покажа Челзи.