Гвардиола: Нема да биде крај на светот ако не се пласираме во Лигата на шампионите

Нотингем форест и Манчестер сити, во 13.30 часот ќе ја отворат 28.рунда во Премиер лигата. Ова ќе биде дуел на екипи кои до последната рунда ќе се борат за место во Лигата на шампионите, заедно со Челси и Њукасл, веројатно и Борнмут, односно Брајтон.

„Мумарите“ и „граѓаните“ пред меѓусебната пресметка на табелата ги дели само еден поен. Пеп Гвардиола проговори токму на оваа тема и можноста неговиот тим да не се пласира во Лигата на шампионите во следната сезона.

„Не би бил крајот на светот. Сакаме да се пласираме во Лигата на шампионите, но ако тоа не се случи, тоа е затоа што не бевме доволно добри, а другите тимови го заслужија тоа повеќе од нас.

Во нокаут натпреварите во Лигата на шампионите, како и во ФА Купот, секогаш е незгодно. Во Премиер лигата имате 38 натпревари и таму има простор. На крајот го знаете резултатот. Позицијата во која се наоѓаме не е идеална, но не е ниту толку лоша. Ја имаме судбината во наши раце и ќе се бориме до крај“, изјави Гвардиола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО